Австралија со санкции за Лукашенко и неговото семејство поради поддршка за руската инвазија
Австралија воведе санкции против белорускиот претседател Александер Лукашенко, поради поддршка за руската инвазија врз Украина. Ова се наведува во денешното соопштение на австралиското Министерство за надворешни работи, јави Си-Ен-Ен.
Новите санкции вклучуваат 22 „руски пропагандисти и оперативци за дезинформација“, а меѓу санкционираните се и високи уредници од медиумите Раша тудеј (Russia Today), Фондацијата за стратешка култура (Strategic Culture Foundation), ИнфоРос (InfoRos), ЊузФронт (NewsFront), пишува во соопштението.
На листата со санкции се најдоа и сопругата на Лукашенко, Галина, како и неговиот син Виктор, кој претходно имаше високи улоги за национална безбедност во Владата.
Според соопштението, санкциите се за „Русија и оние кои ја поддржуваат нејзината незаконска, неиспровоцирана инвазија на демократскиот сосед, да платат висока цена“.
Од Министерството додаваат дека „ќе продолжат со воведување дополнителни санкции, за да нанесат значителни трошоци, за тие во Русија и Белорусија, кои носат одговорност или држат лостови на моќ“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното