-->
-->
Ал Келаифи реизбран за претседател на европските клубови
-->
Претседателот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Насер Ал Келаифи, повторно е избран за претседател на Здружението на европски клубови (ЕЦА).
Еден од највлијателните луѓе во европскиот фудбал, 49-годишниот Катарец, воедно и шеф на групацијата „beIN Media“, се наоѓа на чело на ЕЦА од април 2021 кога тогашниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, поднесе оставка.
Ал Келаифи доби едногласна поддршка за втор четиригодишен мандат на вчерашното Собрание на ЕЦА во Берлин.
ЕЦА во своето членство има повеќе од 300 клубови од сите 55 земји – членки на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид