Македонија
11. April 2025 - 12:29
Скроена новата потрошувачка кошничка
Државата ја скрои својата просечна потрошувачка кошница. Отсега секој месец ќе пресметува колку пари во просек треба да потроши трочлено семејство. Заменик министерот за економија открива дека во математиката не е вклучен алкохол, цигари и одење на одмор во странство.
Ристески сепак, не сакаше да открие што содржи во државната кошница и повеќе детали најави за следната недела. Тој потенцира дека пресметката нема да се користи за политиканство, туку за креирање на мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
-->
-->