Македонија
11. April 2025 - 12:28

Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недовршен процес. Македонија одамна требаше да биде дел од европското семјство, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој е во дводневна посета на Македонија.

Според него и покрај бугарската кочница, процесот за членството на Македонија мора да сезабрза во европските институции. Уште еднаш испрати порака дека унгарската влада стои на располагање за посредништво меѓу Скопје и Софија.

Македонија во следниот период ќе ги интензивира состаноците со Унгарија и преку работни планови и активности ќе го интензивира интегративниот процес.