Адеми е за физичко присуство на учениците во училиштата, Филипче за он лајн настава!!
Министерот за образование е на ставот за физичко присуство на учениците во училиштата бидејќи ништо не можело да го замени традиционалниот начин на образование. Неговиот колега од здравството е за он лајн настава освен за првачињата. И Адеми и Филипче биле на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, но не паднал договор како и кога ќе почне учебната година. Додека од образование предложиле дека за учење од клупа нудат скратени часови и помалку ученици во училница, им укажале дека за такво нешто се потребни законски измени а за тоа нема Собрание и Влада. Дел од членовите на Комисијата дискутирале и за комбиниран модел, односно до 5то одделение да одат на настава во училиште а останатите да учат од дома. Но од здравствен аспект било укажано дека не смее да се ризикува со децата имајќи во предвид дека освен короната, во септември се актуелни и вирусите и настинките кои имаат слични симптоми со Ковид 19 и како што кажаа епидемиолози тоа може да направи сериозни проблеми, односно, за секоја температура кај ученик да треба и проверка на Ковид статус.
Според наши информации, по состанокот на Комисијата заседавал и Кризниот штаб во Влада, но нема информација дали денеска или утре ќе се донесе одлука.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија