Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
Oхридскиот народен театар го поставува на сцена неповторливиот антологиски текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“.
Претставата претставува национално богатство а темата за печалбарството е актуелна бидејќи скоро секоја фамилија има барем еден член којшто заминал некаде во белиот свет во потрага по подобар и посреќен живот.
Режисерот Андреј Цветановски истакна дека ова е веќе петта премиера и дека во ниеден друг театар немал повеќе премиери.
Народниот театар од Охрид во петок на матичната сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ премерно ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Дејството се случува во западниот дел на Македонија, некаде во дваесеттите години на минатиот век.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
