Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
Судскиот совет анализира дали има пропусти во предметот за пресудата на 22-годишната Теодора Ристoвска, која смртно беше прегазена од Менсур Пајазити. Формирана е работна група која веќе врши увид на постапката, потврди првиот човек на Судски совет за Сител.
Ваквата реакција на Судски совет доаѓа по бурните реакции во јавноста, која е револтрана од одлуката на тетовскиот судијата Елведин Ферати, да пресуди само две години казна затвор за Пајазити, кој во 2022-тата смртно ја прегази младата Теодора. Вчера и премиeрот Мицкоски го повика ова тело да изврши увид во постапката, потенцирајќи дека правдата во конретниот случај не е задоволена. Со реакција се јави и првиот човек на правда, Филков кој пак оцени дека двата проценти доверба што му се доделени на судството, уште еднаш се покажало дека не биле бадијала.
Судијата Ферати го доби вниманието на медиумите, откако Државниот испекторат и Антикорупционерите утврдија дека сам си поправал оценки на Тетовскиот универзитет со прчкртување, за да влезе во Академијата за судии и јавни обвинители.
Предистрага за ова отвори и Обвинителството, но истата е затворена пред месец дена, бидејќи се појавиле документите за тетовскиот судија кои докажуваат дека во 2014-тата преположил 4 испити, по што си го покачил просекот, за да биде дел од академијата „Павел Шатев“.
Инаку, ваквата одлука на тетовскиот судија повторно го активираше и движењето Кој е следен, од каде најавуваат протест за утре. Маршот ќе почне од пред Влада, преку Судски совет, Собрание, за на крај да заврши пред Кривичен.
Од движењето, денеска и доставија и формално барање за воведување на Е-иснпекторат, во кој очекуваат да се внесат сите записници од инспекциски надзори за безбедност на објектите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар