Зеленски: Украина е подготвена за мировен договор со САД и Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево објави дека неговата земја е подготвена да продолжи со рамката на мировниот договор во соработка со САД и Европа, пренесоа британските медиуми.
Повикувајќи се на текстот од говорот до кој имал увид, Ројтерс наведува дека украинскиот лидер попладнево ѝ соопштил на „Коалицијата на подготвените“ дека сите безбедносни одлуки што се однесуваат на Европа мора да ги вклучат и европските земји.
Зеленски истакна дека е подготвен да разговара за чувствителните точки од мировниот договор со Доналд Трамп, но нагласи дека и европските лидери мора да учествуваат на тој состанок.
Тој, исто така, ги повика европските лидери да изработат функционална рамка за распоредување на таканаречените „сили за убедување“ во Украина. Како заклучок, тој рече дека сојузниците на Киев треба да продолжат да ја поддржуваат Украина сè додека Русија не покаже подготвеност да ја прекине својата инвазија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази желба за итен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, потенцијално уште за Денот на благодарноста, со цел финализирање на договорот за завршување на војната. Оваа информација ја потврди шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, пишува Аксиос.
Во денешното интервју дадено преку Зум, Јермак изјави дека се надева посетата да биде организирана што е можно поскоро.
„Се надевам дека посетата на претседателот Зеленски ќе се случи што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе… му помогне на претседателот Трамп да ја продолжи својата историска мисија за завршување на оваа војна“, рече тој.
Според достапните информации, Трамп треба вчеерва да го напушти Вашингтон и да престојува во својот имот Мар-а-Лаго, на Флорида, за Денот на благодарноста, што би можело да биде место на потенцијална средба.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Анкетна комисија за Пулс во Парламентот може да влијае на судската постапка
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група СДСМ
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
