Зеленски: Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година
Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Старото зло што го донесе модерна Русијаќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.
– Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес е различно, има иста цел: поробување или уништување, рече Зеленски во видеото, објавено на социјалните мрежи.
Зеленски го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин
Ќе победиме!, рече Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев.
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците