Македонија
31. March 2025 - 16:29

6 пациенти се враќаат од лекување во странство

6 пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се од српските медициснки центри и еден од Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. 

„Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба. Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.“

Кај 6 пациенти кои се на лекување во хируршката клиника Св. Наум Охридски веќе е извршена трансплатација на кожа. Лекарите велат овој процес следува откако ќе се утврди дека пациентот е во стабилна состојба и доколку се работи за длабоки рани кај кои е непходна оваа интервенција за да се залечат целосно. 

Еден или двајца од нив можно е да бидат пуштени на домашно лекување оваа недела доколку конзилиумот одлучи позитивно. За пациентите кои се веќе на домашно лекување, тимови на лекари оди во посета за  преврски и останати потреби.  Освен пластични хирурзи, како што најавија од министерството за здравство ќе бидат посетувани и од психијатри, психолози и специјалисти од различни области.