Заврши асфалтирањето на улиците во штипската населба Балканска
Завршено е асфалтирањето на улиците во населбата Балканска во Штип во должина од еден и пол километар.
На денешното свечено пуштање на улиците во населбата градоначалникот, Илчо Захариев истакна дека годинава се решија и поголемиот дел од проблемот со канализационата мрежа.
- За 50.000 евра ги направивме овие еден и пол километар улици. Инаку да кажам дека претходно инвестиравме 120.000 евра во канализацијата во долниот дел на населбата и тука поврзавме некаде околу 30 тина куќи кон селото Чардаклија. Се на се со инфарструктурата што ја направи ЈП „Исар“ , потоа во уредувањето на детското катче, со уредувањето на стадионот, патеките и сега асфалтирањето на влезот на Штип ќе се инвестираат или веќе се инвестирани околу 400.000 евра, рече Захариев.
Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Ангел Бојаџиев најави дека наредната годиа ќе се реши и проблемот со водоснабдувањето на населбата Балканска, која во моментов не е приклучена на градската водоводна мрежа.
-ЈП „Исар“ и Општина Штип веќе го набавија материјалот за приклучување на населбата со водоводниот систем. Можам да кажам дека веќе се прави планот и во текот на наредниот период можеме да започнеме со приклучувањето не само на оваа населба, туку и постепено и во селото Чардаклија и населбата Македонка, истакна Бојаџиев.
Жителите на населбата Балканска кои добија нови асфалтирани улици велат дека се благодарни на инвестициите кои се направени во нивната населба.
Од општина Штип најавуваат дека со асфалтирање во другите делови на општината ќе се продолжи се додека дозволуваат временските услови.
Ново на Сител
-
Се заканува ли епидемија од сметот во Скопје?
-
Само еден глас пресуди да станат градоначалници
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт
-
Мециновиќ бара јавен дуел
-
Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси