Заев: Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9 отсто
Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 отсто, во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8 отсто, објави денеска на Фејсбук премиерот, Зоран Заев.
-Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5 отсто во последните три квартали. И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 отсто и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 отсто, нагласува Заев во објавата.
Заев нагласува дека Владата посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година првпат се вовел принципот на искористување на овие мерки во сооднос 60 отсто за жени и 40 отсто од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.
-Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд, се наведува во објавата.
Ново на Сител
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ