Забрзани постапките за исплата на штетите во земјоделството
Со една милијарда денари ќе се исплаќаат штетите во земјоделството од невремето минатата година, вака одлучи Владата на една од првите седници. Пари се предвидени и за штетите од доцните пролетни мразови во 2017-та.
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, подрачните единици забрзано ги подготвуваат записниците, се прават и пресметките. Интензивно се работи за што поскоро реализирање на средствата.
- Затекнавме проблем со записниците, сега тоа го решаваме. Заедно со Бирото за судски вештачења ќе се прават нови пресметки, но ги предвидовме и средствата. Паралелно, ги забрзавме постапките за она што се случи во Тетовско, Скопско и Кумановско. Веднаш се формирани комисии и се покренати сите процедури. Направени се и првичните проценки, ги очекуваме сите записници за да се процесираат понатаму, вели .
Со законска измена, посочи, во 2015 година е донесена Уредба со која на подрачните единици им е даден рок од 360 дена наместо од 60, за да ги направат записниците.
- За 2016 година, за она што ни се случи во Ресен и во 14 други општини, се уште немаме добиено записници од подрачните единици. Затоа и не може да се процесираат. Но, ќе го решаваме и тој проблем. Правам постојан притисок подрачните единици веднаш да си ја завршат работата, и по однос на 2016 година да ги достават записниците, но и да ги забрзаат постапките за оваа година, истакнува Николовски.
Се прават напори и за решавање на имотно-правните односи што, според министерот, е еден од клучните предизвици во некои општини. - Тоа е една од системски работи и крупна реформа што ќе ја дискутираме со научниот тим. Во многу општини луѓето имаат проблем со имотно-правните односи. Мора да се најде законско решение за регулирање на нивните права во овој сегмент, објаснува министерот.
Ново на Сител
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
10 годишно дете гризнато од глушец поради несобраното ѓубре во скопски Капиштец
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини