За обнова на возниот парк на ЈП Комуналец Крива Паланка вложени околу 8 милиони денари
Над осум милиони денари се инвестирани во обнова на возниот парк на специјални возила за собирање смет во јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка во изминатите две и пол години, информира директорот на „Комуналец”, Миле Марковски.
Како што посочи, од дотраен возен парк со просечна старост на возилата околу дваесет години во 2017 година, на почетокот на 2020 година јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка може да се пофали со обновен, зголемен и осовременет возен парк што овозможува подобра услуга за граѓаните.
– Возниот парк беше во многу лоша состојба кога стапив на функцијата, со дотраени, амортизирани возила за смет, стари над 20 години, а и постојано трпевме загуби и трошоци за нивно одржување, поради честите дефекти. На крајот на 2017 година имаше денови кога се работеше само со две дотраени возила кои го опслужуваа целиот град, а исто така имаше и едно возило МАН кое поради неисправен мотор не беше во функција и речиси една година не се користеше. По неколку месеци од стапување на функцијата, набавен беше нов мотор и ова возило беше оспособено и до денес е во исправна состојба и се употребува. Она што е многу важно е што во 2019 година се набавени три специјални возила за смет: едно ново возило во вредност од 4.140.000 денари и едно половно од 1.100.000 денари и тоа од сопоствени буџетски средства. Ново специјално возило од 3.702.000 денари е обезбедено со донација од Јапонска амбасада, а исто така е добиен еден скип, мулитфункциоанлно возило , од Владата на РМ, перку министерство за финансии, кое е наменето за три општини: Крива Планака, Кратово и Ранковце. Покрај тоа, набавено е и едно комбе, од општината и е доделено на ЈП „Комуналец“, изјави Марковски.
Во моментот ЈП Комуналец располага со шест возила за смет, од кои три нови, и секојдневно се врши собирање на смет согласно распоредот во ноќните часови и дополнително, преку ден се чисти на сите тесни улици, потешко пристапни, каде повторно се депонира смет во тек на денот.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче