-->
-->
Втор пораз на младата фудбалска селекција до 19 години од БиХ
-->

Македонската фудбалска репрезентација на Макеоднија за играчи до 19 години по втор пат е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Македонските надежи кои во вторникот загубија со 3:0, денеска се поразени од нивните босански врсници со 1:0.
Единствениот гол на мечот кој се одигра во Зеница, го постигна Никола Костанчиќ по соло акцијата, кога во 20.минута украде топка на 40-тина метри од гостинскиот гол, па со прецизен удар од далечина преку 20 метри го совлада нашиот голман.
Македонските надежи во вториот дел имаа можност за израмнување. Марио Наумовски во 60.минута изби сам пред домашниот голман, кој со брза рефлексна интервенција успеа да ја сочува својата мрежа.
До крајот на мечот немаше посериозни шанси за гол, па на крајот остана резултатот Босна и Херцеговина – Македонија 1:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
