Македонија
30. August 2016 - 14:41

Втор конгрес на патолози во Охрид

Од 1 до 4 септември во Охрид ќе се одржи Вториот конгрес на патолозите на Република Македонија, на кој ќе учествуваат еминетни предавачи од Европа и САД.

Научната програма на Конгресот опфаќа широк преглед на различни полиња од областа на патологијата со посебен фокус на гастроинтестиналната, генитоуринарната, гинеколошка патологија и цитопатологија.

Во рамки на Конгресот ќе се одржи работилница на Европската школа за патологија, со наслов „Патологијата на дојката во 21. век“, во организација на  Европското здружение на патолози и на која како предавачи се вклучени тројца еминентни експерти во областа на патологијата: проф. Тибор Тот од Шведска, проф. Виценцо Еузебио и проф. Ана Сапино од Италија.

Вториот македонски конгрес на патолозите со меѓународно учество ќе овозможи размена на знаење и искуства на врвни експерти патолози и цитопатолози од Македонија и европските земји, кои ќе се осврнат на последните достигнувања во практиката и истражувањата во различни полиња на патологијата.