Врските на убавите луѓе пократко траат
Претходните истражувања покажаа дека убавите луѓе полесно наоѓаат партнер, но една нова студија од Харвард предупредува дека нивната врска пократко трае. Причина за тоа е, како што пишува во заклучокот објавен во „Британско психолошко друштво“, дека е факт оти убавите луѓе имаат поголема веројатност да бараат и други партнери, особено кога се незадоволни од актуелниот.
До овој заклучок научниците дојдоа кога на испитаниците им било дадено задача да го оценат изгледот на неколку стотици мажи и жени кога имале 17 и 18 години врз основа на нивните фотографии од школските години.
Потоа истражувачите пронашле подтоци за љубовниот живот и емотивнито статус на тие лица во наредните 30 години. Се дојде до заклучок дека оние кои се оценети како атрактивни, биле посклони кон развод или пократки бракови.
За да се потврди оваа теза, научниците ги замолиле истите испитаници да го оценат изгледот на 130 славни личности кои „Форбс“ ги прогласи за најмоќни. Повторно се покажа исто - славните кои се атрактивни почесто се разведуват и имаат пократки бракови од оние кои не се убави.
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“