-->
-->
Време е за победа над Естонија
-->
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот во полскиот град Валбжих го игра полуфиналето од Европската лига. Противник ни е Естонија, селекција која во првите две кола постигна две победи над Македонија. Затоа во нашиот табор ја посакуваат победата.
Откако беше познато дека Естонија ќе биде нашиот ривал капитенот Никола Ѓорѓиев истакна:
- Можеме во полуфиналето до победа. Тие се фаворити, но ние ако успееме да ја наметнеме нашата игра можеме да се избориме конечно македонската одбојка да игра финале. Сите треба да ја искористиме оваа шанса.
Естонија со максимални 10 победи ја заврши групата, додека Македонија која оваа година натпреварите ги почна без контролен дуел од натпревар во натпревар игра се подобро.
Во анализата за оваа полуфинална двојка од стручниот штаб на Полска истакнаа дека Естонија е фаворит поради можноста да игра со 12 играчи, додека Македонија е селкција која постојано го подигнува нивото на играта.
Инаку, во првото полуфинале од 17 часот играа домаќинот Полска и Словенија.
Победниците ќе играат во утрешното финале (почеток 20 часот), додека поразените ќе играат во дуел за 3.место (почеток 17 часот).
Да се надеваме дека долгото патување до Валбжих (околу 28 часа) нема да остави последици кај нашите одбојкари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии
-
Теренски активности за изборите на помалите политички партии
-
Бројот на лица со симптоми од сендвичи се искачи на 17, кај дел е изолирана салмонела
-
Мицкоски: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин