Водостојот на р. Брегалница двојно зголемен, но недоволно за да се наполни брана „Калиманци“
Интензивните врнежи од дожд двојно го зголемија водостојот на река Брегалница. Последните 10 денови само во Штип наврнаа 110 литри на метар квадратен или една четвртина од вкупното количество на врнежи во текот на минатата година. Штипјанецот Киро Маџунаров, кој речиси три децении го мери водостојот на дневна основа вели дека, последните мерења покажуваат 130 литри вода во секунда.
- За овие последни неколку денови кои беа врнежливи, водостојот не се промени. За споредба, во месец март 15 денови имаше 64 см, изјави Киро Маџунаров, ХМЗ- Штип
Сепак, ова количество вода не е доволно да се наполни браната „Калиманци“. Во моментот во акумулацијата се влеваат 16 метри кубни вода во секунда и е полна до половина, односно, со 57 милиони метри кубни вода. Обилни врнежи имаше само во Берово, каде заврнаа 100 литри на метар квадратен.
- Делчевскиот и Каменичкиот регион беа послаби со врнежи. Доколку беше исто како во Берово, тогаш ќе можевме слободно да кажеме дека ќе имаме комплетно вода за наводнителната сезона. Имајки во предвид дека нам ни с епотребни минимум 90 милиони кубни акукулирана вода за успешно да ја истераме наводнителната сезона, ни недостасувааѕ околу 35 милиони метри кубни вода, изјави Горанчо Зашов, директор на АД „Водостопанство“- ХС „Брегалница“- Кочани
Од овие причини и сеидбата на ориз годинава ќе доцни, а оризопоризводителите во Кочанско поле вода за наводнување може да очекуваат после 15-ти април.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар