Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера 1.194 мигранти со 18 чамци од Франција преку Ла Манш пристигнале во Велика Британија.
Од почетокот на годината до вчера во Велика Британија пристигнале 14.811 мигранти, што е за 43 проценти повеќе од истиот период од минатата година.
Тоа е најголем број мигранти за еден ден од почетокот на годината кои пристигнале во Велика Британија.
Откако се откажа од планот на конзервативната Влада, мигрантите кои илегално влегле на британска територија да бидат испратени во Руанда, премиерот Кир Стармер најави дека неговата Влада ќе се пресмета со бандите и мрежите за шверц со луѓе.
Според податоци на британското Министерство за внатрешни работи во 2024 година во Велика Британија со мали чамци пристигнале 36.816 луѓе, што е зголемување од 25 проценти во однос на 2023 година (29.437). Најголем број пристигнувања е регистриран во 2022 година – 45.774.
Ново на Сител
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
