Loading Video...
Свет
7. November 2025 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка помеѓу САД и Унгарија во фокусот на денешните разговори помегу ТРамп и Орбан во Белата куќа. Пред да отпатува во Вашингтон, унгарскиот премиер изјави дека од Трамп бара отстапки од американските санкциии проритв руксите енгретски компании Лукоил И Роснефт, кои влијаат и на унгарската команија Мол. Според некои унгарски медиуми,  Орбан има намера на денешниот состанок   да разговара за можноста за состанок опомегу Трамп и Путин.. Тој  неодамна требаше да биде домаќин на самит помеѓу Трамп и Путин, пред Трамп да го откаже предложениот состанок поради фрустрација од недостатокот на напредок во преговори за завршување на војната во Украина.

Соединетите држави од денеска ги намалија домашните  летови  на 40 те најпрометни аеродроми .Мерката е донесена  бидејки се повеке контролори за летање  се пријавуваат како болни бидејки работат без плата поради блокадата на  федералнаата влада  соопшти ФЕдералнаата администрација за воздухопловство на САД.. Министерот за транспорт Дафи тврди дека воздушниот сообраќај е сè уште безбеден, а одлуката за откажување на летовите е донесена за да се одржи безбедноста. Предупреди дека ќе ги отпушти оние кои не доаѓаат на работа. Блоакдата  на владата , која  сега е во својот 38 ти ден и е најдолга во историјата на САД, принуди 13.000 контролори на летање и 50.000 агенти на Администрацијата за безбедност на транспортот да работат без плата.

Тајфунот Калмегу одзеде најмалку 188 животи во Филипините и уште пет во Виетнам, пред да продолжи кон Камбоџа и Лаос.  На Филипините дождот предвика свлечита и попалви кои унитшија цели анслеби.  Најпогодени се централните региони. Според официјлани извори, 133 лица се водат  како исчезнати. Со ветрови до 149 километри на час, бурата предизвика огромна материјална штета и во Виетнам, уривајки покриви, корнејки дрвја и поплавувајки домови. Илјадници жители беа векауирани. Виетнамскиот премиер нареди итна мобилизација на повеке од 260 000 војници и спасувачи за помош на населението. 

Кина официјлано го пушти во употреба својот најнов и најмодерен носач на авиони Фуџијан.На цремонијата на островот  Хаинан присустувал и претседателот  Ши Џинпинг. Овој брод, трет за Кина и прв целосно домашно изграден, значително ја закајнува поморската моќ на земјата. Се одликува со рамна палуба и напреден електромагнетен систем за лансирање авиони сличен на оној што го користат најновите американски носачи од класата „Форд“. Ова му овозможува да лансира потешки авиони со целосен резервоар за гориво. Фуџијан може да носи до 50 авиони.