Во Велес на повеќе локации засадени 125 квалитетни дрвја
Општина Велес и „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Дервен“ изминатите два месеца на повеќе локации во градот засадија се 125 високовалитетни листопадни и зимзелени дрвја, како дел од активностите за почиста животна средина.
Од ЈКП„Дервен“ РЕ Паркови и зеленило“ информираат дека младите садници се засадени во парковските и реконструираните зелени површини: кај Детското игралиште „Тунел“, во паркот кај Автобуската станица, на улицата „Димитар Влахов“ на влезот во Велес, долж улицата „Благој Ѓорев“, паркот кај Офицерскиот дом и наспроти Театарот и во Младинскиот парк.
-Акциите за садење се реализираат согласно Планот за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес како една од мерките за зголемување на зелените површини во урбаната средина, појаснуваат од Општината.
Воедно, најавуваат дека засадувањето ќе продолжи и во наредните денови во зависност од временските услови, а во декември ќе биде организирана и општинска акција за пошумување на ридот „Св. Илија“ над Велес.
Покрај дрвјата, засадени со 34.580 љубичици, се уредени јавните површини во градот. Од Општина Велес апелираат до граѓаните на совесно однесување кон младите садници.
Ново на Сител
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството