Во судирите во Нагорно Карабах загинале 16 Азербејџанци
Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека во судирите со сепаратистичките сили во Нагорно Карабах во изминатите два дена загинале 16 припадници на азербејџанската армија.
Ерменската телевизија синоќа објави дека во судирите во изминатите три дена се убиени 20 припадници на војската во Нагорно Карабах, а 72 се повредени.
Министрите за надворешни работи на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер, вчера разговараа за ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах и ги повикаа двете страни на воздржаност.
Двајцата министри се согласиле дека воена опција не е решение за проблемот, барајќи итен прекин на огнот и враќање на преговорите со посредство на Минск групата на ОБСЕ.
Претходно шефот на руската дипломатија разговараше за ситуацијата во Нагорно Карабах и со американскиот државен секретар Џон Кери.
Француските власти соопштија дека денеска во Виена ќе се одржи состанок на групата „Минск“ во врска со најновите случувања во Нагорно Карабах.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот