Во судирите во Нагорно Карабах загинале 16 Азербејџанци
Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека во судирите со сепаратистичките сили во Нагорно Карабах во изминатите два дена загинале 16 припадници на азербејџанската армија.
Ерменската телевизија синоќа објави дека во судирите во изминатите три дена се убиени 20 припадници на војската во Нагорно Карабах, а 72 се повредени.
Министрите за надворешни работи на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер, вчера разговараа за ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах и ги повикаа двете страни на воздржаност.
Двајцата министри се согласиле дека воена опција не е решение за проблемот, барајќи итен прекин на огнот и враќање на преговорите со посредство на Минск групата на ОБСЕ.
Претходно шефот на руската дипломатија разговараше за ситуацијата во Нагорно Карабах и со американскиот државен секретар Џон Кери.
Француските власти соопштија дека денеска во Виена ќе се одржи состанок на групата „Минск“ во врска со најновите случувања во Нагорно Карабах.
Ново на Сител
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
-
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
-
По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност