Македонија
19. December 2024 - 21:15

Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?

Засилена дипломатска офанзива за претставување на македонските национални позиции поврзани со евроинтеграциите, каква што недостасуваше изминатиот период. Ова е ставот професорите по меѓународна политика за тоа што значат последните посети на Мицкоски во Брисел, но и средбите што тој веќе ги имаше со новата Европска комисија на Фон дер Лаен. 

Професорот коментира дека охрабруваат и последните заклучоци на Самитот на ЕУ со Западен Балкан дека проширувањето е клучно за долгорочна безбедност во Европа, но и дека билатералните прашања во Западен Балкан треба да бидат надминати со почитување на европските вредности. 

Засега нон-пејперот на Словенија и Германија за укинување на ветото во процесот на преговори со ЕУ поради билатерални проблеми со цел да се забрза процесот на преговори останува на ниво на неформална инцијатива. Но, дури и да влезе формално во институциите на Унијата, тој процес знае да трае со години. 

Сепак, не треба толку да загрижуваат изјавите на Главчев дека бугарските позиции остануваат непроменети, бидејки тој сепак е технички премиер. Шансата за нови разговори со Софија ќе ја добиме со политичка влада во Бугарија, вели професорот Наумовски.

Ова е второ патување на Мицкоски во Брисел во период од две недели.