Реформи веднаш за поголем економски раст
За поголем економски раст, повисока продуктивноста и подобро платени работни места, кои ќе ги задржат младите овде, потребни се реформи веднаш. Во спротивно, на земјата ќе и требаат 30 години за да го стигне европскиот просек. Светска банка со алармантни бројки за македонската економија, кои ги презентираа пред пратениците.
Само 14% од фирмите вложуваат во иновации, само 4 отсто се извозници и тоа половината од нив, извезуваат само во една земја – Германија. Потребна е диверзификација на производтсвото и освојување нови пазари, велат од банката. Бараат помали бирократски процедури, државаната помош да биде насочена само кон оние на кои им е потребна, полесен пристапот до кредити за малите компании, пократок рок од 100 дена за наплата на фактура.
Поразителни се бројките, посебно во делот на одданочувањето и за првиот човек на УЈП. Очекува со воведување целосна дигитализација и електроснка фактура, состојбата да се смени.
Истите проблеми се провлекуваат со години, велат од Фискалниот совет. Никој не сака да плаќа даноци, а без тоа не може да се очекува добра услуга. Бараат и реформи во образованието, но и политиката да ги тргне рацето од овој сектор.
- Еден професор неделно има 2 часа предавање и земна плата од 180,000 денари. Каде е овде продуктивноста? Не можат да се поажалат дека земаат ниски плати. Сега, во рок од 6 месеци 2 парти се менува директор, затоа што не им одговара на власта, вели Абдучменаџ Беџети, од Фискалниот Совет.
Инаку Светска банка изминатиов период презентираше неколку извештаи, каде сугерира што треба да се подобри, за економијата во земјавата да не тапка во место.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар