Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
Банките чекаат официјален документ од владата, бизнисот условите кои ќе треба да ги исполнат за да ги користат унгарските пари.
Премиерот најавува – до крајот на неделата се ќе се знае. За да ги достават до службите, банкарите побарале што поскоро владата да им ги каже критериумите, каде ќе се прецизира кој се има права да аплицира за евтиниот кредит. Од бизнисот пак бараат поголема транспарентност – велат , повеќе од месец и половина се зборува за кредитот, а деталите се уште не ги знаат во целост.
Исчекувањето или изгубената предност да се знаат сите услови однапред ќе треба да се надополни со директна комуникација со комерцијалните банки. Сите активности кои ќе бидат во насока на бизнисот треба да се знаат пред да се креираат политиките, за да не се случи како сега, повеќе од месец и пол се најавува кредитот , а се уште не се дефинирани, не се прецизирани и јасни сите услови кои треба да се исполнат, изјави Миле Бошков, Бизнис конфедерација.
Потреба од свежи пари има секој, велат од бизнисот. Условите се добри, каматата ниска, но сепак треба да се внимава дали ќе бидат наменети за извозните компании, кои нема да имаат придонес врз домашната економија, или ќе се насочат кон производствените капацитетите за нашиот пазар.
- Конечно од есенцијално значење се сфаќа дека се производните компании. Тие се носители на додадена вредност во Македонија. Чинам дека се околу 15%. И сметаме дека е ова силен и квалитетен исчекор напред., изјави Горан Горѓиевски ССК
Премиерот ги повика фирмите да подготват издржани проекти и добар бизнис план.
Ќе се финансираат проекти до 10 милиони евра. Но услов е компаниите да имаат најмалку 20% учество во проектот.
Добро е што бизинисот ќе мора да инвестира 20%, камата е ниска , со тоа што има шанси бизнисот да ги зголеми производствените капацитети . Парите се потребни, ќе се зголеми обемот на инвестиции. Добро би било покрај продуктивноста, да се поддржат и компаниите кои инвестираат во обновливи извори, додава Бошков.
По преговорите со банките, државата договори каматна стапка од 1,95% за стопанството. Ќе добијат и три години грејс период и до 15 години рок на отплата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар