Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
Директорката на Клиниката за респираторни болести кај децата “Козле” денеска беше на состанок кај министерот за здравство по вчерашните обвинувања во отворено писмо на 30 лекари специјалисти дека лошо менаџира со установата и вршела мобинг. Симоновска тврди дека пред Таравари со документи и докази ги негирала како што ги нарече сите лаги од специјалистите кои стоеле зад писмото и не биле 30 туку 6 доктори за кои кажа дека биле мотивирани од политички причини и сопствени интереси.
- Од самото мое назначување за директор од пред 4 месеци тие постојано по медиуми шират лаги и пласираат невистини. Тоа се само 6 особи, и не би сакала да ги именувам по име кои се мотивирани од политички причини и сопствени цели. Јас на состанокот приложив докази и факти за сите обвинувања против мене, рече д-р Каролина Симоновска, в.д директор на Клиниката за респираторни болести кај децата “Козле”.
Симоновска негираше и дека го уништила кабинетот за бронхоскопија за што посочија дел од револтираните лекари во писмото и тврди дека претходниот тим си дал оставки зошто ја уценувале да им исплаќа дополнителни финансиски средства, а оваа метода продолжиле непречено да ја работат други ОРЛ специјалисти.
Со нејзе пред министерството имаше и 30-тина вработени во институцијата. Ги негираше информациите дека вчера вршела притисок да се потпишуваат за нејзина подршка и тврди дека 2/3 од персоналот биле задоволни од менаџирањето, а една од причините за петицијата е зошто наредила во амбуланти да дежураат специјалисти, а не специјализанти.
- Донесов таква одлука, дали вие сакате вашето дете да биде прегледано од специјалист или специјализант, рече д-р Симоновска.
Вчера преку отворено писмо 30 лекари од “Козле” посочија дека Симоновска ја уништувала клиниката, а со нејзиното доаѓање на позицијата директор биле нарушени меѓучовечките односи и постојано трпеле психички малтретирања, а најавија и штрајт и откази.
Министерот Таравари најави дека за случувањата во Клиниката и што ќе направи ќе соопштел утре.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар