Во Прилеп се одржува осмиот „Крали Марко“ болдеринг фестивал
Преку 60 болдеристи од земјава и од Словенија, Германија, од Австрија викендов учествуваат на осмиот „Крали Марко“ - болдеринг фестивал во Прилеп. Тие ги искачуваат карпите кај Марковите Кули, особено познатата дестинација, карпата „Камена Баба“.
Според Ице Белакапоски од планинарското друштво „Златоврв“, организатор на Фестивалот, карпите околу Прилеп се позната дестинација на европската и светската мапа на атрактивни места за искачување.
- Традицијата продолжува. И овој пат имаме гости од неколку држави: Словенија, Германија, од Србија, Македонија, Австрија. Се надевам времето ќе не послужи и успешно ќе ја завршиме промоцијата на Прилеп како атрактивна болдеринг-дестинација. Прилеп го има местото на европската мапа, спортисти доаѓаат преку целата година. Атрактивна е и околината на манастирот Трескавец, вели Белакапоски.
Учесниците воодушевени од предизвикот што го нудат карпите за искачување. На Бојан Хриберник и Наташа Ржек од Словенија не им е прво учество на Фестивалот.
- Болдерингот во Прилеп е „закон“. Веќе шести пат сум тука. Супер е. Има многу карпи за искачување. Ми се допаѓа целиот амбиент: луѓето, храната. Затоа се враќам повторно. Ние сме алпинисти, ама болдерингот ни е страст, вели Хриберник.
Тошко Митрески од Македонија пет години се занимава со болдерингот. Прилеп е во 10-те топ дестинации а болдеринг.
- Болдерингот го одбрав зашто дава мир. Ме исполнува и по работата е совршена релаксација. Теренот е совршен и е во топ 10-те места во светот за искачување карпи, зашто карпите овозможуваат многу насоки за искачување, вели Митрески.
Спортистите утре ќе го завршат своето учество на „Крали Марко-болдеринг фестивалот“ во Прилеп. Жири комисија ќе ги бодира учесниците по што ќе бидат прогласени најдобрите.
Ново на Сител
-
Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари
-
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме
-
Грчките супермаркети ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата
-
Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип
-
Зошто нема Нобелова награда за математика?
-
Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството
-
Урсула фон дер Лајен при посетата на Белград: Ставот на ЕУ подразбира слобода, а не репресија
-
Хегсет: Мир може да постигнете само кога сте силни