Хегсет: Мир може да постигнете само кога сте силни
Ако нешто научивме од претседателот на САД, Доналд Трамп, тоа е активната примена на принципот „мир преку зајакнување“, порача американскиот секретар за војна Пит Хегсет пред почетокот на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел.
– Мир може да се постигне само кога сте силни. Не само да сте силни на зборови и да се заканувате со прстот, туку да имате моќ и капацитети што ќе ги почитуваат противниците. Верувам дека НАТО го прави токму тоа, рече Хегсет.
Тој додаде дека на денешниот состанок очекува уште поголем број сојузници да најават поддршка за Украина за да може да се постигне мир.
– Потребна е воена моќ. Тоа е она што го очекуваме од НАТО. Пред неколку месеци имавме историски Самит, организиран благодарение на лидерството на претседателот Трамп, каде што беше кажано дека нашите сојузници треба да се засилат. Тие го прифатија тоа и презедоа обврски. Овие обврски наскоро ќе се претворат во капацитети, нагласи Хегсет.
Првиот човек на Пентагон додаде дека важен дел во тоа е иницијативата во рамките на која европските земји ќе купуваат американско оружје и преку НАТО ќе го префрлаат во Украина, за да може земјата да се бори за постигнување мир во конфликтот.
Хегсет додаде дека денешниот состанок се одржува во историски момент кога заложбите на претседателот Трамп резултираа со значајни постигнувања во Газа и на Блискиот Исток.
– Светот гледа дека имаме претседател на мирот, кој постигнува мир за оние што се на страната на САД и на страната на мирот. Тоа го видовме таму (на Блискиот Исток) и се надевам дека ќе го видиме и во Украина. Тоа е фокусот на нашите напори. Ќе бидеме силни и за да овозможиме тоа и да се случи, заклучи Хегсет.
МИА
Ново на Сител
-
Хегсет: Мир може да постигнете само кога сте силни
-
Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот
-
За девет месеци на ГП „Џепиште“ кај Дебар минале 36 938 патници или девет отсто повеќе споредено со лани
-
Руте: И покрај обидите на Русија да предизвика поделби, ЕУ и НАТО работат заедно
-
Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за помош на мигрантите по рациите на американската Служба за имиграција и царина
-
Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија
-
Барселона четврти шпански ракометен клуб што гостува во Битола
-
Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери