Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени

Европската комисија ги казни модните брендови „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со вкупна сума од над 157 милиони евра поради договарање на цени при препродажба, со што ги прекршиле на правилата за конкуренција на ЕУ.
Како што соопшти Комисијата, нејзината истрага утврдила дека трите компании ја ограничувале можноста на независните трговци на мало со кои соработуваат да одредуваат свои онлајн и офлајн малопродажни цени за производите дизајнирани од „Гучи“, „Клое“ и „Леве“.
– Ваквото антиконкурентско однесување ги зголемува цените и го намалува изборот за потрошувачите – заклучи Комисијата, додавајќи дека поради соработката на компаниите во истрагата решила да им изрече пониски казни од првично предвидените.
Со одлуката, „Гучи“ е казнет со 119.674 милиони евра, „Клое“ со нешто над 19 и „Леве“ со 18 милиони евра.
Во врска со изречените казни, извршната потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција, Тереза Рибера порача дека трите компании се санкционирани поради мешање во одредувањето на цените на независни трговци на мало.
– Оваа одлука испраќа силен сигнал до модната индустрија и пошироко дека нема да толерираме ваков вид практики во Европа и дека фер конкуренцијата и заштитата на потрошувачите важат за сите подеднакво – додаде Рибера.
Според неа, сите потрошувачи во Европа, што и да купуваат и каде и да купуваат, заслужуваат да ги уживаат придобивки од вистинска ценовна конкуренција.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
