Во Кочани протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Кочани на кој граѓаните излегоа да го дадат својот глас против секакви обиди за нарушување на унитарноста на државата и против прифаќање платформи направени во туѓи држави.
Македонски знамиња вечерва се вееја низ улиците на Кочани, учесниците пееја патриотските песни, а имаше и голем број транспаренти за одбрана на јазикот и унитарноста да државата.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва од Кочани порача дека народот не се согласува со прифаќање на уценувачки платформи од политички партии и дека треба да се оди на нови избори со што граѓаните сами ке си одредат што е добро за државата.
Протестниот марш во Кочани заврши во паркот на Револуцијата.
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди