Македонија
23. April 2025 - 21:21

Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа

Доколку Мицкоски одлучи да го отстрани Таравари од Владата, тие како Алијанса за албанците веднаш ќе го напуштат владиното мнозинство. Комуникација со ДУИ има, но се уште стојат на ставот дека ќе одат со самостојни советнички листи на локалните избори. Но доколку е во интерес на партијата да одат со ДУИ, иако претходно изјавуваа дека Демократската унија за интеграција е рак рана на општеството, не ја исклучуваат можноста за соработка на локалните избори.

Потегот доаѓа откако на коалиционите партнери од ВРЕДИ им понудиле да направат анкети за кого да кандидираат во општините, да бидат одбрани најсилните кандидати, но тие одбиле. Сметаат дека во коалицијата ВРЕДИ, Алијанса за албанците е најсилната партија. 

По секоја цена нема да останат во Владата.

Според аналитичарите, нејасна е логиката на Таравари за овој потег, но сметаат дека доколку ја напушти коалицијата ВРЕДИ, за него ќе нема место во Владата. За предвремени парламентарни избори шансите се многу мали. 

Таравари и Мицскоски ќе се сретнат на почетокот на мај, каде ќе бидат разјаснети позициите и во Владата и во коалицијата.