Во болниците во северна Грција сите починати од Ковид-19 во изминатата седмица биле невакцинирани
– За една седмица, во периодот од 12 до 19 септември, во четвртиот здравствен регион во северна Грција во кој се вклучени 14 болници, од Ковид-19 починале 54 лица и сите биле невакцинирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци, објавени рано утрово, од конкретниот регион што ги опфаќа болниците од областите Македониа и Тракија, 248 пациенти се хоспитализирани со Ковид-19, од кои 81,5 отсто се невакцинирани, 22 пациенти се со кислородна поддршка и сите се невакцинирани, а на Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се 53 пациенти, од кои само двајца се имунизирани, односно 96,2 проценти се невакцинирани.
Во северна Грција, имунизациската покриеност е помала во споредба со други делови во земјата и вакцинирани, со најмалку една доза се меѓу 42 и 52 отсто, во зависност од регионот.
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“