ВМРО-ДПМНЕ: Властите три години со прст не мрднаа да го подобрат квалитетот на воздухот
Македонија се гуши. Алармот свети црвено. Зоран Заев кој викаше ,,ајро ајро нема воздух”, три години со прст не мрдна да го подобри квалитетот на воздухот.
Загадувањето во Скопје вчера рушеше рекорди, а Шилегов во емисија наместо да одговори зошто нема направено ништо ги навредуваше граѓаните дека го мразат зошто се сиромашни.
Петре, не се сите богати како тебе со анкетен лист од над милион евра, но верувај граѓаните не те мразат затоа што се сиромашни, туку затоа што ти веќе трета година не направи ништо за Скопје.
И додека ти си објаснуваш за тоа кој те мрази, а кој те сака, Скопје се гуши. Умира.
Загаденоста не беше ништо помалку и во останатите градови. Во Битола нивото на ПМ 10 честичките надмина 840, што е за 16 пати над дозволеното.
Се гушеше и Струмица, каде Зоран Заев три мандати беше градоначалник, во смог беше потонато и Тетово.
Граѓаните се соочуваат со катастрофа од епски размери. Болниците се полнат. Никој ништо не презема.
Негрижата за здравјето на луѓето мора да престане. По 12 април следуваат мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал