Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
Средба Мицкоски – Таравари за да се дефинира статусот на Алијанса на Албанците во Владата или надвор од неа по расколот во Вреди ќе има, но ниту премиерот ниту лидерот на Алијанса не откриваат кога и каде. Првичните најави беа дека тоа ќе се случи токму по 1. Мај. И покрај тоа што алабанскиот партнер во влада се трансформираше и тоа Меџити, Касами и Ибрахими формираа партија Вреди, а Таравари најави самостоен настап на локалните избори дури и по цена да ја напушти владината коалиција, Мицкоски тврди дека односите во Владата се одлични.
Таравари вели дека во наредните неколку денови ќе биде презицизирано кога и каде ќе се сретне со премиерот.
Од друга страна лидерот на ДУИ, со кого Таравари пред еден месец имал телефонски разговор токму на темата за локалните избори, вели дека сега нема комуникација со Алијанса на Албанците, но е задоволен што Таравари ја напуштил Вреди.
Али Ахмети, лидер на ДУИ „Ние го поздравуваме чинот на Таравари што сфати дека оваа Влада не претставува ништо друго освен антиалбанска Влада којашто дојде на власт со антиалбанска платформа...Во моментот кога неговото учество во Владата нема да биде добро за Таравари, тој може да се тргне. Но, тоа се негови работи, не се наши ниту на Европскиот фронт. Тие се внатрешни работи коишто господинот Таравари треба да ги менаџира. Колку што јас гледам, Влен повеќе не е Влен, туку е „Лен“... „ДУИ нема опонент, треба да бидеме искрени во оваа насока. ДУИ сѐ уште е народно движење и сѐ уште е партија каде што се дел сите оние коишто се заинтересирани за тоа да го водат народот напред.“, коментираше денеска Ахмети.
Тој вели дека и внатре во Европскиот форнт што го поредводи ДУИ се уште не е разговарано за распредлбата на колачот за лпокалните избори, но не исклучи и комуникација и со СДСМ, и покрај тоа што поранешниот владин партнер под водство на Филипче е во заладени односи со интегративците.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар