-->
-->
Надојдената река однесе детски живот, се удави тригодишно дете
-->
По неколкучасовна потрага пронајдено е безживотното тело на тригодишното дете кое се удави во реката Клина, во околината на Србица на Косово.
Телото на детето е пронајдено ноќеска.
Косовската полицијата по интензивно трагаше по исчезнатото тригодишно дете кое го однела надојдената река Клина кај Србица.
Детето водата го однела вчера попладне, додека со таткото шетало покрај брегот, рече портпаролот на косовската полиција во Косовска Митровица Авни Захити.
Детето за момент се оттргнало од рацете на родителите и паднало во вода, ја пренесе Захити изјавата на родителот на настраданото дете.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик