ВМРО-ДПМНЕ: Спротивно на законот разрешени над 50 директори на здравствени установи
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во Министерството за здравство спротивно на законот биле разрешени над 50 директори на здравствени установи со што се загрозила професионалноста и функционирањето на целокупниот здравствен систем и оти тоа ќе има сериозни последици по пациентите.
Како што изјави за медиуми Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, за ситуацијата да биде уште позагрижувачка токму на една од најодговорните позиции во ова Министерство, за државен секретар, спротивно на закон бил именуван Владимир Милошев, претходно вработен во Клиничката болница во Штип, со што, вели, прекршен е Законот за администрација.
- Ова повлекува и одговорност на министерот Таравари. Тој со непрофесионален и некомпетентен кадар како Милошев ја пополнува позицијата државен секретар која треба да менаџира и да контролира работа на здравствени установи и здравствени ресурси. Ете заради ваквата работа во Министерството за здравство се случува поради хеморагична треска од најслаб облик да ни се случи епидемија, две човечки жртви и десетици хоспитализирани.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен