ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за заштита на државните интереси

Дезертерот Ковачевски не треба да манипулира со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е за заштита на државните интереси, а против предавствата на дезертерот Ковачевски и неговиот ментор Заев.
Ковачевски има проблем со поимањето што е државен интерес. Не е државен интерес да смениш име, да потпишеш капитулација со Бугарија, а тоа да го преставуваш за врвен дострел. Но државен интерес е да ја внесе државата во ЕУ со заштитен идентитет, да има нормални односи со соседите, да се промовира македонскиот идентитет, работи кои не ги прави дезертерот Ковачевски.
Дезертерот Ковачевски треба да се фокусира кон економијата која пропаѓа, кризата со струја која се продлабочува и да се заштити народот од инфлацијата која галопира. Тоа треба да го прави дезертерот Ковачевски. Впрочем што друго се очекува од човекот кој лажел и се пишал за неспособен само да не оди во војска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
-

Гаши ги распиша повторените избори за 4 општини за 11 јануари
