Македонија
17. November 2025 - 12:22

Мицкоски: Јавноста ќе дознае многу детали – почнува судењето за „Пулс“

Владата ќе продолжи да им помага на семејствата кои ги загубија блиските во пожарот во дискотеката Пулс, рече премиерот Мицкоски кој денеска присуствуваше на стартот на градежните активности за изградба на градинка во скопска Гази Баба. За анкетна комисија во Собранието за овој настан Мицкоски рече дека одлука ќе носи пратеничката група потенцирајќи дека јавноста ќе дознае многу детали за овој процес чие судење стартува во среда оваа недела