Македонија
18. November 2025 - 16:42

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено

Уште пред да ја поднесе, власта ја прифати иницијативата на опозицијата за Анкетна комисија за пожарот во Кочани. 

По протестот во Скопје минатиот викенд на кој родителите на жртвите побараа Собранието да ја истражува трагедија, опозицискиот лидер Филипче најави дека неговата пратеничка група денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива, но таа до крајот на работниот ден не беше во собраниската архива. 

Своја комисија ќе закажува и Левица, а ќе и даде поддршка и на иницијативата на СДСМ.

Доколку се одржи, ова ќе биде прва надзорна расправа по неколкуте големи трагедии кои се случија во Македонија во последните неколку години. Актуелната власт кога беше во опозиција бараше исти вакви расправи и за пожарот во модуларната болница во Тетово, но и за двете автобуски несреќи во Ласкарци и во Бугарија кои земаа над 60 жртви. Сите иницијативи ги одби тогашното мнозинство на СДСМ и ДУИ.