ВМРО-ДПМНЕ: Народот остана без леб, ама за Заев е најважна инвестицијата во плантажите на марихуана!
Зоран Заев не прави ништо како премиер освен што ги троши парите на народот. Немаме за вакцини, но имаме за нови и измислени институции, вработувања, возила и трошења.
Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните. Од буџетот, од парите на граѓаните, од нивниот џеб ќе се плаќаат нов директор, негов кабинет, секретарка и трошоци за тоа, шофер за истиот и возило, но и десетина или стотина нови вработени.
Нема пари за болнички возила, вакцини и друг потребен материјал, ама затоа има за нови институции кои имаат една единствена цел - заштита на бизнисот на Зоран Заев.
Фамилијата Заеви е длабоко замешана во бизнисот со марихуана, а шоферот на Трајче Заев беше фатен и во шверц на истата.
За шверцот со марихуана пишуваше и Гласот на Америка на македонски јазик, според кој Македонија, особено струмичкиот регион се место од каде се шверцува марихуана во Грција.
Македонија станува Колумбија на Балканот, а Заев става рака врз бизнисот со марихуана во целост, и затоа страдаат граѓаните, кои чекаат лекови и инсулин, затоа што мора да има за новите институции на Заев за контрола на марихуаната.
Ново на Сител
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра