Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието поднесе предлог закон за поддршка на семејствата на загинатите во дискотеката Пулс, како и на повредените од таа ноќ. Со предлог законот и семејствата на жртвите и повредените ќе добијат финансиска помош- во зависност од повредите таа ќе достигне до 5 милиони денари. Покрај финансиската предлог законот предвидува и институционална поддршка.
Предлог законот го поднесуваат по скратена постапка, а од СДСМ велат дека во него се вклучени и настраданите од несреќите во Беса транс, модуларната во Тетово како и трагедијата кај Ласкарци.
Ги повикаа сите пратенички групи да дадат поддршка и да го изгласаат ова законско решение, за да покажат единство дека за вакви трагедии не треба да постои политиканство.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го поддржат предлог законот на СДСМ, а за Спасовски сметаат дека е некомпетентен да поднесува вакви закони бидејќи во време кога тој беше министер за внатрешни работи се случија и Ласкарци, Беса Транс, модуларната во тетово како и скандалот со онкологија, па проашуваат зошто тогаш не реагирале.
Од владејачката партија велат имаат нивни план за помош за засегнатите од трагедијата:
Ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти.
Водиме преговоти со инвеститори да отворат капацитети во Кочани или во непосредна близина. Премиерот Мицкоцки најави две нови инвестиции и проширување на една актуелна постоечка во близина на Кочани, со 1.000 нови вработувања.
Ги покривме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Без поддршката од пратениците од владејачката коалиција, предлог законот на СДСМ не може да биде изгласан во Собранието.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар