Македонија
8. May 2025 - 16:21

Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. 

Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје при работа. На 06.02.2025, додека работеле на објект во с.Кетеново, кратовско, едно од лицата, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото.