Вин Дизел се ослободи од заоблениот стомак за шест дена
Фотографијата која Вин Дизел (48) ја сподели на Инстаграм можеби и не би била чудна ако актерот само пред неколку дена не беше снимен во едно сосема поинакво издание.
Тогаш, фотографите го сликале без маица како шета по балконот на хотел во Мајами, а до израз дојде неговиот заоблен стомак.Тоа беше многу изненадувачки затоа што холивудскиот актер е познат по неговото привлечно тело.
Коментарите на социјалните мрежи го натераа Дизел да преземе нешто во врска со тоа прашње, па во неделата на Инстаграм сподели фотографија од стомакот кој ни најмалку не наликува на оној од пред неколу дена.
- Фотографија од синоќа. За оние кои сакаат шоу. За оние кои го сакаат моето тело без оглед на се, напиша Вин во описот.
Неговиот стомак повторно е рамен и мускулест, а неговите обожаватели не можеа да се нагледат на ново - стариот изглед.
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции