Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
На денешното рочиште за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче се читаше исказот на Боре Видевски.
Исто така, Судот го одби барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски поради тоа што било на истите околности како минатиот пат.
Во исказот што каратистот Видевски го дал во обвинителството, детално е објаснето како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил.
Она што е спротивно од минатото сведочење е исказот на Видевски за киднапирањето на Вања. Боре во обвинителството рекол дека Палчо од таткото на девојчето разбрал кое време ќе излезе од дома.
Кога ја стигнале на местото почнале да ја одврзуваат Вања.
-Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“, го читаше исказот на Видевски обвинителката Јосифовска.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот