Вицепремиерот Битиќи и членови на Владата на конференција на „Економист“ за Западен Балкан во Приштина
– Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, ќе учестуваат денеска на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, конференцијата претпладне, во 9.15 часот, ќе ја отвори косовскиот премиер, Албин Курти, додека панел-дискусијата на која ќе учествува вицепремиерот Битиќи, на тема „Раст и развој на Западен Балкан“, ќе започне во 12 часот.
Сесијата на која ќе се обрати министерот Бектеши, насловена „Отворање на патот на зелената транзиција“, ќе започне во 15,50 часот, а онаа на Алити, посветена на технолошките иновации во Западен Балкан, е закажана за 17.50 часот.
Во македонската делегација која ќе учествува на конференцијата се наоѓа и заменикот министер за финансии, Филип Николовски, кој ќе има свое обраќање на панелот на тема „Инвестирање во Западен Балкан за модел на опстоен раст“.
Покрај неколкуте претставници на Владата на Косово, меѓу кои и вицепремиерите Бесник Битиќи – задолжен за европски интеграции и Доника Грвала, воедно шефица на косовската дипломатија, на конференцијата ќе учествуваат и над дваесет домашни и странски експерти и раководители на организации и институции од областа на безбедноста, економијата, финансиите, технологијата, животната средина итн., како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог.
Еднодневната конференција на „Економист“ се одржува во приштинскиот хотел „Емералд“.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии