Македонија
6. April 2025 - 9:00

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Тетово, каде, како што е најавено, ќе изврши увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, I фаза од Фуштанска до село Порој“.

Проектот опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.

Вкупната должина на булеварот изнесува 1.783 метри, а со првата фаза се реализирани 650 метри.