43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
43 лица со ретки болести и посебни потреби од Охрид ќе добијат ученички и студентски стипендии како и стипендии за магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во земјава. Стипендиите се доделуваат по претходно распишан конкурс за период од 9 месеци во учебната година.
Иако стипендиите според претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски, не се доволни да им се помогне во целост на овие лица, сепак се еден стимул односно помош и поддршка на лицата со ретки болести и нивните семејства.
Од здружението ,,Ретко е да си редок’’, кој е иницијатор за воведувањето на оваа нова категорија стипендии, се надеваат дека оваа мерка на охридската локална самоуправа ќе служи како пример за останатите општини во државата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар