Македонија
7. April 2025 - 12:20

Априлски снег во Охрид

Пролетта донесе нов снег во Охрид.Екипите на терен се справуваат со априлскиот снег кој изнесува 10-15 сантиметри, мобилизрани се дежурните и целокупната расположлива механизација за дејствување. Се расчистува снежната покривка според приоритет оние населените места кои гравитираат на повискотите места главните сообраќајници  и пешачки зони .

Снег има и во Преспанскиот регион. Од Здружението на овоштари од Ресен посоочуваат дека ниските температури за овој период од годината ќе го погодат овоштарството но колкави ќе бидат штетите допрва ќе се знае.

Овоштарите велат дека вакви ситуации имало и во претходните години, но се подготвувале до онаа мера до која можеле да делуваат. Иако сме веќе во средината на април, времето и натаму останува под просекот за овој период од годината. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на оваа и во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд и снег, особено во внатрешноста и на планините.